Бирол: Русија би можела целосно да го прекине снабдувањето на Европа со природен гас

by Fokus

Русија може целосно да го прекине снабдувањето со природен гас за Европа, изјави шефот на Меѓународната агенција за енергетика (МАЕ), Фатих Бирол.

Тој додаде дека Владата во Москва се обидува да ги искористи испораките на гас за Европа за да го зголеми политичкиот притисок за време на војната во Украина.

– Со оглед на нивното неодамнешно однесување, не би отфрлил дека Владата на Русија продолжува да укажува на различни проблеми и да наоѓа изговори за дополнително да го ограничи снабдувањето со природен гас на Европа и можеби дури и целосно да ги прекине, истакна Бирол.

Тој наведе дека поради тоа на Европа и се потребни планови за вонредни ситуации.

Поврзани новости