Билјана Максимовска: Добра сум, ама не ме лутете!

by Фокус 13:38
13:38

City MallЗа Близнаците велат дека можат да ви бидат пријател во секое време. Таква е и таа. Со убави зелени очи и лик кој многу потсетува на познатата холивудска актерка Лара Флин Бојл. Нејзиното портфолио почнува со кариерата на водител, за еден период да биде надградено со лице за маркетинг и односи со јавност. Сака добри чевли, убави кремови, добра храна и шопинг. Денес во Скопје Сити Мол се дружевме со Билјана Максимовска.Biljana Maksimovska 10ФОКУС: Велат дека родените во хороскопскиот знак Близнаци имаат брз и бистар ум, благодарение на кој секогаш се во потрага по нов извор на информации. Важат за енергични и авантуристички личности, кои постојано сакаат да патуваат. Колку овој опис на карактерните црти на овој астролошки знак важи за Вас? Дали препознавте нешто како своја одлика?

МАКСИМОВСКА: Да, точно е дека сум многу енергична и авантуристички тип. За умот и мислата, исто така, брзината ми е доблест, иако знам и да се заплеткам од брзање. Покрај близначките карактеристики, имам и други вредности. Сакам да  патувам, а кој не сака, и се обидувам да впијам повеќе од секој  град или култура.Biljana Maksimovska 11ФОКУС: Како изгледа патувањето од Вашите соништа?

- Advertisements -

МАКСИМОВСКА: Веќе неколку години по ред ги имам патувањата  од соништата. Главно е морето, плажата, природата, сонцето, добрата храна, музиката и релаксирано локално население.

ФОКУС: Која е земјата на која ѝ се воодушевувате?

МАКСИМОВСКА: Шпанија поради културата, храната, виното, времето, изобилство на сѐ што дала природата, јазикот. Холандија поради системот, луѓето, начинот на живот. САД  би сакала да ги посетам и мислам дека би ми се погодило таму. Африка, Азија и Индија ме влечат поради културните богатства, музиката итн.Biljana Maksimovska 01Во нејзиното портфолио има неколку проекти. Она што, пак, модните критичари го забележуваа за неа е дека поседува стил. Ние, пак, знаеме дека чевлите се нејзината слаба страна. Токму затоа и одбравме идеално место за уживање во голем избор на квалитетни чевли, „Геокс“. Покрај чевлите, нејзиното внимание го преокупира и другата понуда на овој бренд во Скопје Сити Мол.

ФОКУС: Она што секогаш го забележуваа модните критичари за Вас е вашиот личен моден печат. Колку за вас е важна модата? Колку сметате дека стилот е пресуден за да ни ја доближи една личност визуелно?

МАКСИМОВСКА: Важен е. Мене ми е важно да се има став кон тоа, иако може да трпи промени во служба на работата или на телевизијата. Сакам да експериментирам со облека и да менувам  стилови, тоа ми е дел од играта, како малите деца. Егзибиционист сум по природа и често се менувам, можеби помалку во последно време.Biljana Maksimovska 09ФОКУС: Сакате ли шопинг?

МАКСИМОВСКА: Да, многу, и тоа на попусти, сакам шопинг и на кремови, средства за чистење и слично.

ФОКУС: Што најприсутно ва вашиот гардеробер?

МАКСИМОВСКА: Џинс, кошули, добро сако, хеланки, здолништа. Чевлите се во посебен простор.

ФОКУС: Добар парфем или пар убави чевли?

МАКСИМОВСКА: Чевли, секогаш нови, сакам нови чевли, не знам што значи тоа од психолошки аспект.

ФОКУС: Која е вашата икона на стилот?

МАКСИМОВСКА: Таа категорија е променлива, јас сум, сепак, Близнаци. Сакам трендови, од икони само тие на десктоп.Biljana Maksimovska 02Астролозите велат дека родените во знакот на Близнаци се идеални за улогата на родители. Тие се деца кои никогаш не се заситуваат од детското во себе. Токму од тие причини, семејството е мошне значајно за нив, речиси еднакво како воздухот. Ова беше темата што ја дебатиравме додека дегустиравме во ресторанот „Венето“.

ФОКУС: Од неодамна мајка на Аделин. Какво е вашето искуство како мајка? Имате ли успешна стратегија за справување или заедно стигнувате до нови сознанија, учејќи една од друга?

МАКСИМОВСКА: Мајчинството ме прероди, секоја ќелија го смени ликот и ништо не ми недостасува од претходно. Учам и јас од неа, учи таа од нас. Важно ми е детето да биде среќно и сигурно. Да ја почувствувам и да дознам што сака, потоа е лесно.

ФОКУС: Кои се вредностите на кои сакате да ја научите вашата ќеркичка?

МАКСИМОВСКА: Да биде своја, да не се плаши, да нема предрасуди, да ја научам да доаѓа до тоа што  го сака и да чувствува дека светот е пред неа.Biljana Maksimovska 03ФОКУС: Каква е Билјана како сестра и ќерка? Колку често го посетувате вашето семејство? Што значи семејството за Вас?

МАКСИМОВСКА: Гледаме да бидеме тука едни за други, да се наоѓаме по потреба. Блиску живееме, сите тука некаде, „Дебар Маала није шала“. Отворена и директна сум, тука сум за моите во секое време. За среќа, се дружиме сите секојдневно, баба ги чува внуките, плус и се гледаме, а и тие се сакаат.

ФОКУС: Како ја дефинирате, но и како ја доживувате љубовта?

МАКСИМОВСКА: Она што ми ја држи насмевката секојдневно,  она што ме тера да одам по патот на љубовта секојдневно, она што ме тера да се борам за себе и за другите. Неприкосновена сум и немилосрдна, знам што правам заради љубов. Љубовта е насекаде околу, само треба да се настроите на таа фреквенција.

ФОКУС: Ќе се вратам на вашиот астролошки знак. За Близнаците се вели дека слободата им е најважна. Колку слободата е важна за вас, за кој било животен сегмент?

МАКСИМОВСКА: Тоа чувство се наоѓа меѓу примарните  потреби за живеење. Да бидам своја, да имам поддршка од најблиските за моето време и простор, нормално и природно е тоа.Biljana Maksimovska 08ФОКУС: Каква, всушност, е Биби, која публиката не ја знае. Како ве опишуваат и ве доживуваат вашите блиски?

МАКСИМОВСКА: Добра сум, велат, сакам да ги тинтрам сите, зборувам многу, филозофирам, велат дека сум била тука за поддршка, мотивација, совет и сакам добро да се насмеам. Но, ако се налутам, можам  да бидам како циклон! Се врзувам за луѓето и ми значат, секако. Некогаш  можеби директна и отворена за другите, но тоа сум јас.

ФОКУС: Дали сте гурман?

МАКСИМОВСКА: Да, сакам храна и тоа секаква. Азиската и шпанската ми се омилени.

ФОКУС: Како вие се справувате со готвењето? Кој е подобар готвач кај вас дома?

МАКСИМОВСКА: Ау, никој од горенаведените. Основното познавање е засега нивото на кое приготвуваме јадење.  Најдобро готват рестораните што сакаме да ги посетуваме и госпоѓа мама.Biljana Maksimovska 04Својата кариера ја почна во интересна телевизиска емисија за млади, која поради интересниот концепт ја следеа сите. Беше дел и од темелите на музичкото шоу М2. Потоа, телевизијата ја замени со кариера во областа на маркетингот и односите со јавност. Велат мирисите ги враќаат сеќавањата, па затоа додека ги пробувавме кремовите и нивните мириси, се навративме на нејзините почетоци.

ФОКУС: Публиката ве запозна во популарниот шоу-магазин „99 екшн“. На што се сеќавате, кои се најинтересните моменти кои сѐ уште ви се свежи од времето кога се емитуваше оваа емисија?

МАКСИМОВСКА: Охооо( се смее). На првата аудиција на која поим немав што почнувам и колку ќе ми значи, се сеќавам на смеење, на многу смеење, на дружење со Мартин, Бони, Миа, на снимање со часови, на интервјуа со познати лица, многу бурен период од мојот живот. „99 екшн“ ослободи некоја друга Билјана во мене засекогаш.

ФОКУС: Какви беа реакциите на публиката во тоа време? 

МАКСИМОВСКА: Нѐ рецитираа, нѐ гледаа, нѐ сакаа, веројатно.Biljana Maksimovska 07ФОКУС: Тогаш немавме поплава од турски серии, но затоа тука беа шпанските. Нив, пак, ги искористивте да ги вметнете во вашето забавно сценарио. Сметате ли дека публика кај нас е константно болна од вирусот „серии“?

МАКСИМОВСКА: Тоа е синдромот на целото општество, не само тука, секаде во светот. Тоа се телевизиските трендови кои веќе добиваат други рамки со социјалните мрежи и реалните шоуа. Луѓето сакаат да прераскажуваат сензации, да се препознаваат во ликови, и тоа да трае, како да се наши соседи или пријатели. И јас гледам серии, но поинакви, со политика, адвокати итн.Biljana Maksimovska 12ФОКУС: Бевте дел од музичкиот проект М2, посебно во времето кога се поставуваа корените на ова шоу. Колку како човек кој беше најблизу до пријавените, ги препознавте потенцијалните таленти, сега веќе активни музичари, меѓу нив Елена, Туна, Нина и други?

МАКСИМОВСКА: Посебно драг проект за мене. Музиката секогаш  е дел од мене и природно се надоврза М2 во тоа време. Нивните таленти веднаш излегоа на површина, во првата и во втората сезона на М2 поминуваа по 2.000 потенцијални таленти, од кои, ете, излегоа ѕвезди што сѐ уште интензивно работат.

Посебно ми е драго што бев дел од нивните приказни и почетоци, се чувствувам како да делиме историја на музиката кај нас. Елена многу работи и поседува повеќе таленти, пишува, пее, компонира, Туна е ултрапопуларна во регионот и за мене посебна поп-икона, така треба да се работи, Нина е неприкосновена со својот глас итн.Biljana Maksimovska 06ФОКУС: Актуелните трендови во тоа време, некако сугерираа создавање нови музички ѕвезди по примерот што беше актуелен на светско ниво. Имаше ли тогаш поголема потреба за македонска музика од денес?

МАКСИМОВСКА: Сега можеби има повеќе потреба за музика или повеќе за автентична музика отколку обработки и копирање на хитови. Веројатно треба да се променат условите за кои се создава музиката. Едно шоу може да продуцира ѕвезди и музика неколку години, но сцената се заситува и мораме да функционираме  во овие рамки, а за повеќе треба многу труд, работа, поддршка и услови.

ФОКУС:  Постои ли телевизиски лик на кој се угледувате?

МАКСИМОВСКА: Да, повеќето ми се примери од Би-би-си, Раи, Си-ен-ен и други канали.

ФОКУС: Повторно сте активни на екраните. Овојпат, со еден проект во кој храната и готвењето се во прв план. Што беше пресудно за одлуката да бидете дел од вој проект?

МАКСИМОВСКА: Сакав да се пробам себеси на телевизија повторно, по сѐ. Сум го гледала ова шоу на други канали  и секогаш сакав да го гледам. Проектот, односно форматот е добро познат и затоа ми беше предизвик.Biljana Maksimovska 05На Близнаците никогаш не им е здодевно. Нивната љубопитна природа секогаш е гладна. Токму и затоа ние одлучивме да ја оставиме да ужива во прошетката низ Скопје Сити Мол. Вие, секако, може да ја следите на екран, како ги бодри сите вљубеници во добрата храна. 

Поврзани новости