Биле нападнати и удирани со боксирачи и палки

by Fokus

Двајца скопјани биле физички нападнати од непознати лица и удирани со боксирачи и палки, информираат од МВР.

Според полицијата, вчера во 20.15 часот Ш.Т. пријавил дека во с.Визбегово, заедно со негови роднини меѓу кои и Т.Ш. (32) од с.Визбегово, биле физички нападнати од непознати лица, при што биле удирани со боксирачи и палки. Во нападот, Т.Ш. бил удрен со тврд предмет во пределот на главата и се здобил со телесна повреда, констатирана во Ургентен центар Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости