Билд: Секако немав време за Иванов, треба да се сретнам со главните играчи на политичката сцена

by fokus

И да сакаше Иванов да се сретнеме, немаше да имам време, бидејќи треба да се сретнам со главните играчи на политичката сцена, изјави Карл Билд, копретседавачот на Европскиот совет за надворешни односи, по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

=Слушнав иако претходно не знаев дека претседателот Ѓорге Иванов нема да се сретне со мене. Среќен сум поради тоа бидејќи немам многу време, така што, дури и да сакаше да се сретнеме, ќе немав време за таква средба, бидејќи треба да се сретнеме со главните играчи на политичката сцена, рече Билд.

Европскиот дипломат порача дека само почитување на демократија, на Устав и Европа ќе ја однесат Македонија напред.

Поврзани новости