524
Средбите што политичките партии ги остваруваат секоја одвоено со белгискиот олеснувач за спроведување на Договорото од Пржино, Питер Ванхојте, досега се без резултати. Ванхојте најави дека денеска тие ќе траат до доцна во ноќта.
-Се уште имаме билатерални состаноци, најверојатно ќе траат до доцна во ноќта. Се уште се надеваме на договор во последен момент, оптимист е белгискиот експерт.
Најголем камен на сопнување во преговорите се ингеренциите на министрите од СДСМ кои ќе влезат во Владата. ВМРО-ДПМНЕ смета дека нивната улога треба да биде повеќе формална и да имаат ограничувања на надлежностите, додека СДСМ бара тие да ги имаат истите ингеренции како и сите други министри.