Билатерален скрининг во Брисел: На маса активностите за азил, миграција, визи, Шенген…

by Fokus

По вчерашниот прв билатерален скрининг состанок за Поглавјето 24, „Право, слобода и безбедност“ Маричиќ изјави дека имале интензивен, но успешен, прв ден.

– Македонскиот преговарачки тим во Брисел го објасни нивото на усогласеност со законодавството на ЕУ и негова имплементација, низ 23 презентации на 5 теми, во областа на правдата, слободата и безбедноста. Задоволен сум од нивната подготвеност, а и Европската комисија е.

Приоритет на институциите и администрацијата останува исполнувањето на обврските од Поглавјата 23 и 24, со цел да одржиме добра динамика на преговарачкиот процеси и побрз напредок во реформската агенда“, напиша Маричиќ на Фејсбук.

Денеска македонскиот тим продолжува со презентирање на сите преземени активности и нивно спроведување во ова поглавје, кое е поделено на 12 подобласти: азил, миграција, визи, надворешни граници и правото на Шенген, борба против организираниот криминал, соработка во областа на дроги, борба против трговија со луѓе, борба против тероризам и радикализам, судска соработка и размена на информации, судска соработка во кривичната материја, полициска соработка и царинска соработка.

Поврзани новости