Била прободена во стомакот и завршила на скопските клиники

by Fokus

Дваесет и двегодишна кавадарчанка била прободена и завршила на клиники, информираа од МВР.

На 07.06.2018 година околу 20.00 часот во Општа болница Кавадарци била донесена Р.А. (22) од Кавадарци со убодна рана во стомакот, кој и била нанесена од остар предмет. Поради сериозноста на повредите, Р.А. била препратена во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ -Скопје за понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Поврзани новости