БиХ забрани увоз на свинско месо од Србија поради африканска чума

by Fokus

Канцеларијата за ветеринарство на БиХ соопшти за привремена забрана за увоз на свинско месо од Србија поради сомневање за африканска свинска чума.

Забранет е увоз на домашни и диви свињи, месо од домашни и диви свињи како и производи со потекло од свињи што не се обработени на начин дека е со сигурност уништен вирусот на африканска свинска чума, соопшти Канцеларијата за ветеринарство на БиХ.

Забраната ќе биде на сила до добивање службени информации од надлежни тела на Србија за прекин на сомневање за појава на африканска свинска чума.

Поврзани новости