Биди ВИП вози ЏИП донесе автомобил во Ресен

by fokus

Александар Треневски од Ресен го направи своето ВИП селфи со новиот JEEP COMPASS, кој му го донесе инстант лотаријата БИДИ ВИП ВОЗИ ЏИП на Државна лотарија на Македонија. Александар замина со нов автомобил од Скопје за Ресен откако Марјана Станојковска во салонот на Автомобиле СК му ги предаде клучевите од неговиот нов автомобил.Александар, пресреќен ни ја раскажа својата среќна приказна.

Тој е редовен играч на инстант лотарија, а меѓу лозовите омилен му е лозот БИДИ ВИП вози ЏИП. Еден ден заедно со својата девојка купиле два инстант лоза од продажното место СИМ КОМЕРЦ во Ресен, но не ги изгребале на самото место.Откако седнале во едно локално кафуле решиле да ги изгребат. На лозот на Александар имало три симболи на автомобил, но тој не бил сигурен дали тоа значи нов автомобил, мислејќи дека треба да има некаков точен распоред на симболите. Веднаш се вратил во СИМ Комерц, каде им била потврден добивката- автомобил JEEP COMPASS, кој од денес ќе го возат низ улиците на Ресен.

Инаку инстант лозот БИДИ ВИП- ВОЗИ ЏИП во продажба е од 01.11.2018 година и како главна добивка нуди 10 автомобили JEEP COMPASS. Во игра се уште вакви автомобили, но и многу парични добивки, па не пропуштајте ја шансата за само 70 денари да возите нов ЈЕЕР COMPASS.

Поврзани новости