Бидејќи планирале бегство, СЈО барало притвор за Јанакиески и Божиновски

by fokus

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се во притвор бидејќи СЈО имало информација дека планират бегство. Тие се обвинети во повеќе предмети на СЈО, но притворот го добиле како обвинети во Титаник.

Според информации на “Фокус”, Јанакиески и Божиновски во утринските часови биле приведени од своите домови, по што биле спроведен во истражниот затвор “Скопје”.

Бегството на Никола Груевски не влијае директно врз притворот на Јанакиески и Божиновски, бидејќи притворот е индивидуална мерка, односно мора да се образложи конкретно за лицето за кое се бара дали има опасност од бегство, да влијае врз сведоци или да го повтори делото.

Валентина Вурмо

Поврзани новости