Трајанов на локалните избори ќе коалицира со СДСМ

by fokus

Претседателството на Демократски сојуз, на вчерашната проширена седница, донесе одлука за учество на локалните избори.

Демократскиот сојуз,  на локалните избори ќе биде дел од коалицијата предводена од СДСМ.

„Економскиот развој на централно и локално ниво, како и разрешување на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните, се битни предуслови за подобар живот за сите, а младите да останат и создаваат овде во Македонија. За Демократскиот сојуз, врвни приоритети се стабилноста на државата, динамичен економски развој и отворање на нови работни места, реформи во судскиот систем и безбедносните служби, како и ефикасна борба против организираниот криминал и корупција“, велат од партијата на Павле Трајанов.

Демократскиот сојуз оценува дека само со победа на локалните избори ќе се обезбедат услови да продолжат започнатите промени и реформи, кои се неопходни за имплементација на стандардите клучни за влез на Република Македонија во НАТО и ЕУ.

 

Поврзани новости