Изгласан законот за обештетување на стечајците со поддршка од опозицијата

by fokus

Со 82 гласа „за“ и без ниту еден против, парламентот го изгласа законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

Со овој закон ќе бидат обештетени над 3.000 стечајци. Од сега месечно ќе добиваат паричен надомест во износ од 7.596 денари.

За законот предложен од Владата на Зоран Заев, гласаа и пратеници од опозицијата, по што следеше аплауз во собраниската сала од пратениците на СДСМ.

Поврзани новости