БГНЕС: Сестрата на сопругата на Мицкоски има бугарски пасош

by Фокус

Најголемиот противник на сè што е бугарско во Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, е оженет со Бугарка, пишува бугарската новинска агенција БГНЕС. Стевица Јанева, сестра на сопругата на Христијан Мицкоски, Роза, има бугарско државјанство, наведува бугарскиот медиум.

„Стевица која работи како нотар во градот Струмица има бугарски пасош. Овој важен документ може да го добие само врз основа на докажано бугарско потекло и самоопределување. Стевица Јанева е во списокот за претстојните парламентарни избори во Општина Петрич, што е оддалечено само неколку километри од нејзината родна Струмица“, пишува БГНЕС.

Нејзиниот сопруг, пишува во текстот, исто така е бугарски државјанин и го има во избирачкиот список, но во Благоевград.  На ваквите пишувања на бугарските медиуми се огласи и Мицкоски, кој не демантира дека сестрата на неговата сопруга има бугарскo државјанство, но наведува оти тој и сопругата, Роза, имаат само македонско.

„И јас и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош. И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси. Колку повеќе лажат, толку повеќе ќе удираме по мафијата. Нема да му помогнат ниту ’браќата и пријателите‘ на Заев кои гледаат дека Владата е сериозно разнишана“, реагира Мицкоски.

Поврзани новости