Безживотно тело на 91-годишен старец најдено во Вардар, заминал на нива и не се вратил дома

by fokus

Безживотното тело на Гани Ш.(91) денеска нешто по 13 часот било пронајдено во водите на реката Вардар кај тетовското село Сараќино, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци, случајот во полиција бил пријавен од 65 годишен жител на Сараќино кој пријавил дека во реката има тогаш непознато безживотно машко тело. Веднаш на самото место излегле екипи на прва помош, СВР Тетово и противпожарната единица од Тетово кои го извлекле телото на починатиот од реката по што тоа било идентификувано како Гани Ш.(91) од Стримница.

Во моментот увид на самото место вршат јавен обвинител, лекар по судска медицина како и екипа на СВР Тетово за тоа како починал и се друго поврзано со случајот.

– Сега починатиот уште на 17 овој месец бил пријавен од страна на неговиот син како исчезнат откако заминал на неговата нива и не се вратил дома. Од пријавата досега на неколкупати биле организирани интезивни потраги како од страна на тетовската полиција така и на специјални нуркачки екипи од МВР кои го пребарувале коритото на реката Вардар за каде имало најмногу индиции дека можно е да биде телото на Гани, рече Јосифовски.

Поврзани новости