Безболно е, се чувствувам добро, рече првиот инфектолог што ја прими вакцината во Македонија

by Fokus

Добринка Наунова Јовановска, примариус доктор инфектолог и Габриела Темелковска, главна сестра на инфективна клиника се првите здравствени работници кои денеска ја примија вакцината против Ковид 19.

-Безболно е и се чувствувам одлично. Го препорачувам на сите, за да стекнеме имунизација во целата држава. Ова го истакна  Јовановска, еден од главните инфектолози на Инфективната клиника.

Пунктот во модуларната болница ќе има шест вакцинални позиции, кои ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствен дом Скопје.

Се користат вакцините донирани од Србија на компанијата „Фајзер“.

Денеска се очекува да ја примат првата доза 260 здравствени работници.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости