Без вода во Киев останале 80 отсто од граѓаните

by fokus

Без вода во Киев останаа 80 отсто од корисниците „поради оштететување на електроенергетски објект во близина на градот“ по денешните руски воени напади, информираше градоначалникот Виталиј Кличко.

Тој додаде дека локалните власти работат на тоа што поскоро да се санира дефектот. На жителите на Киев, градоначалникот им порача да се снабдат со вода „од најблиските пумпи и продажни места“.

Руските напади погодија критични инфраструктурни објекти во Киев и други украински градови, а тоа доведе до прекин во снабдувањето со струја и вода во повеќе области, како и застој во работата на јавниот превоз

Поврзани новости