Без вода улица Саса во Пинтија

by fokus

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат за прекин во водоснабдувањето кој ќе настане на улица Саса во Пинтија поради дефект.

„Ве известуваме декана ден 03.05.2018 год.поради уличен дефект ф-100мм на ул.Саса 8 (нас.Пинтија),со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците кои се поврзани на старата мрежа во Пинтија. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот“, соопштија од таму.

Освен тоа, привремено без вода ќе останат и жителите на улица Сречко Пужалка 31.

„Ве известуваме декана ден 03.05.2018 год.поради уличен дефект ф-100мм на ул.Сречко Пужалка 31 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:45 часот до санирање на дефектот“, додаваат од „Водовод“.

Поврзани новости