Без вода неколку улици во Ѓорче Петров

by fokus

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат за прекин на водоснабдувањето во населба Ѓорче Петров.

„Ве известуваме дека на ден 18.07.2018.поради уличен дефект од Ф-80мм на ул.Кузман Шапкарев 3 во населба Ѓорче Петров, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Кузман Шапкарев, Црногорска, Гостиварска, дел од 4ти-Јули од 15:00 часот до санирање на дефектот“, соопштија од таму.

Поврзани новости