Без струја утре делови од Бутел, Чаир, Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Сопиште

by fokus 21:25
21:25

Без струја утре ќе останат делови од општините Бутел, Чаир, Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Сопиште.

Како што информираат од РЦУК Скопје, утре без струја во периодот од 08.30 до 09.30 часот ќе останат корисниците од ул. „Иван Манолев“ во Општина Бутел, од 08.30 до 15.30 часот корисниците од ул. „Ордан Чопела“ од бр.110 до бр.140, како и дел од корисниците од ул. „Јајце„“ во Општина Чаир, од 09.00 до 11.30 часот корисниците од ул. „Струшка“ во Општина Карпош, од 09.00 до 14.00 часот корисниците од ул.„21“ во Сопиште, Општина Сопиште, како и корисниците од ул. „Шидска“ бр.10, бр.12 – влезови 2, 3 и 4, и бр.42 во Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 10.00 до 14.00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „Румена Хаџи Панзова“ во Општина Кисела Вода, а од 13.30 до 16.00 часот корисниците од место викано Осојница во Сопиште, Општина Сопиште.

Поврзани новости