Без струја делови од Центар, Кисела Вода и Аеродром

by fokus

Заради изведување технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат делови од општина Центар, а задутре делови од општините Кисела Вода, Центар и Аеродром.

Утре во периодот од 16:00 до 17:00 часот  без струја ќе бидат корисниците од дел од поранешната зграда на Метропол на плоштадот – „Македонија“ во општина Центар.

Во вторник, пак, прекин во снабдувањето со струја ќе имаат од 08:30 до 14:30 часот корисниците од дел од ул. „Милан Мијалковиќ“ во општина Кисела Вода, од 10:30 до 15:00 часот корисниците од ул. „Христо Смирненски“ бр. 38.  во општина Центар и од 11:30 до 14:00 часот корисниците од дел од улиците: „Богомилски Поход“ и „Ѓорѓи Андреевиќ Кун“  во општина Аеродром.

Поврзани новости