Без работа се над 1500 магистри и 100 доктори на науки

by fokus

Во земјава има вкупно 109 249 невработени лица на возраст над 15 години, a oд нив речиси 80 проценти се со основно или средно образование.

Меѓу невработените има 1545 магистри и 100 доктори на науки.

Една третина од невработените магистри и повеќе од половина од невработените со докторат живеат во Скопје.

Скоро 57 илјади од невработените се со средно, а над 30 илјади со основно образование.

Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, објавен од Државниот завод за статистика.

Поврзани новости