Без пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Собранието му го одзеде пратеничкиот имунитет на Никола Груевски

by Fokus

Со 62 гласа „За“, Собранието на денешната пленарна седница му го одзеде пратеничкиот имунитет на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а поранешен премиер Никола Груевски.

На седницата не присуствуваше ниту еден пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чиј почесен претседател е Груевски.

Одлуката за одземање на имунитетот се носи со просто мнозинство од вкупниот број пратеници.

Претходно, Комисијата со пет гласа „за” ги усвои шесте барања од судот за одземање на имунитетот на Груевски, кој избега од Македонија и доби политички азил во Унгарија.

Поврзани новости