Бетиан до кавадарчани: Силата на парите е немоќна пред силата на правдата!

by Fokus

Кавадарци ќе го добие својот градоначалник на 29 октомври, за кога е закажан вториот круг на гласање. Граѓаните ќе имаат можност да изберат помеѓу Бетиан Китев од СДСМ и Митко Јанчев од ВМРО ДПМНЕ.

Вечерва Китев им порача на кавадарчани дека победата низ цела Македонија ќе ја крунисаат и со победа во Кавадарци. -Почитувани пријатели, благодарам за целата енергија и жар во оваа кампања. Покажавме дека силата на парите е немоќна пред силата на правдата и чесноста.

Убедливата победа низ цела Македонија ќе ја крунисаме со победа и во Кавадарци. Веќе имаме мнозинство во Советот , таа предност ќе ја заокружиме со победа и за градоначалник. Да живее Кавадарци! – изјави Китев. Битката за гласови помеѓу Китев и Јанчев беше постојано напната. Неофицијално, Јанчев имал околу 700 гласови предност, но во тек на утрешниот ден се очекуваат и официјалните резултати.

 


Поврзани новости