Бесплатен превоз за студентите на приватните универзитети

by fokus

Студенти од Факултетот за правни науки при Универзитетот Американ Колеџ – Скопје, поднесоа иницијатива за измени во Одлуката на Град Скопје за давање субвенции на ЈСП.

Тие ја оспоруваат Одлуката во делот „државни“ универзитети, бидејќи според нив има дискриминација, односно нееднаков третман меѓу студентите на државните и приватните универзитети.

Уставниот суд на вчерашната седница поведе постапка по иницијативата поднесена на Одлуката на Градот Скопје за давање субвенции на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за 2017 година, во делот „и бесплатен превоз на редовни студенти на додипломски студии на државните универзитети“. Одлуката е донесена од Советот на Град Скопје во декември 2016 година.

ЈСП со оваа Одлука, меѓу другото, добива и субвенции за бесплатен превоз на возрасни лица над 62 години старост за жени и над 64 години старост за мажи во вторник, петок, сабота и недела и за бесплатен превоз на редовни студенти на додипломски студиии на државните универзитети.

Поврзани новости