Бесна велешанка ги натепала свекрвата, сопругот и синот, потоа и полицаецот додека ја приведувал

by Fokus

Драматична вечер во Велес. Синоќа жена нападнала три лица од своето семејство, и тоа сопругот, синот и свекрвата, а кога дошле полицајците нападнала и еден полициски службеник.

Според полициски извори кои ги објави Пресс24 синоќа во 19 часот и 35 минути полицијата уапси 40 годишна велешанка.

По кратка расправија жената, физички ја нападнала нејзината свекрва, нејзиниот малолетен син и сопругот.

– При интервенција на полициските службеници, В.З. физички нападнала и еден од полициските службеници“, рекле од полицијата за „Прес24“, од каде што најавуваат и пријава.

Поврзани новости