Бесими: „Здравје“ е клучен збор за предлог-буџетот за 2021 година

by fokus

„Здравје“ е клучен збор за предлог-буџетот за 2021 година, бидејќи она што е најважно и најприоритетно е здравјето на граѓаните, здрава економија и здрави финансии и општество воопшто.

Ова го посочи министерот за финансии, Фатмир Бесими кој го образложи Предлог-буџетот за 2021 година пред матичата Комисијата за финансирање и буџет, посочувајќи дека Предлог-буџетот е еден од најважните и најсеопфатни документи кои ги носи Собранието, а кој ги содржи сите политики и мерки кои ќе се преземаат во идниот период.

Тој ги повика пратениците да пристапат кон разгледување со големо внимание, да развијат една конструктивна дискусија и да разменат идеи во насока на најдобрите решенија.

Според минисерот, буџетот во 2021 година има три основни цели зајакнување на финансирањето на системот на здравствена заштита и зачувување на здравјето и животите на граѓаните, поддршка на економската стабилизација и поставување на темелите на солидно економско заздравување и забрзан раст, како и непречено финансирање на основните функции на државата и поддршка за реформите во правосудството и евро-атлантските интеграции.

Поврзани новости