Бесими очекува дека земјава ќе ги добие парите на ММФ

by Fokus

Сега сме при крај за финализирање на деталите од  договорот со ММФ, откако ќе заврши процедурата, ќе бидеме во финална фаза, за да ги повлечеме средствата, појасни министерот за економија Фатмир Бесими на прес-конференција.

Тој додава дека зборувале со ММФ во однос на политиките и дали влегуваме во квалификации за тој инструмент.

-Во однос на задолжувањето тоа се сведува на отплата на долгови, кои што дома и во странство и тоа се околу 200 милиони евра односно 11,8 милијарди денари. Остатокот е за покривање на дефицитот, кој изнесува 42,7 милијарди денари, односно околу 696 милиони евра. Тоа е задолжувањето. Во самиот Буџет има и повисок износ во однос на зголемување на трезорот на Народна банка, рече Бесими околу задолжувањето од ММФ, како одговор на новинарско прашање.

 

 

Поврзани новости