Бесими: Ние сме реални и свесни дека пандемијата трае!

by Fokus 11:06
11:06

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, на денешната прес-конференција порача дека заедно со Владата работат на економскиот раст во земјава и инвестиции, кои се најавени да се остварат во наредните четири години.

„Ние сме реални и свесни дека пандемијата трае. Фокусирани сме на заздравување на економијата и затоа постојано комуницираме со бузнис седницата. Имаме позитивен економски раст во земјава, а тој се очекува да расте и во иднина. Започнавие средби со Светската банка и ММФ. Инвестициите неколкукратно ќе растат од 2021 до 2025 година, ќе инвестираме во иновативни и еколошки проекти, кои ќе помогнат за забрзан раст“, истакна Бесими.

- Advertisements -

Поврзани новости