Бесими: Нема да биде лесно, ситуацијата е сериозна!

by Fokus

Прва прес конференција како министер за финансии одржа Фатмир Бесими, кој пред новинарите ги презентираше мерките на неговото министерство.

Тој истакна дека ќе мора активно да работат, за граѓаните да уживаат во придобивките во наредниот период во Северна Македонија.

„Ќе работиме за побрзо да се вратиме на вистинскиот пат. Уверен сум дека оваа моја мисија ќе биде успешно извршена, заради посветеноста на владата и мојот личен труд. Нема да биде лесно, ситуацијата е сериозна. Неизвесноста на глобално ниво е голема. Ние сме убедени дека сите потребни мерки ќе бидат преземени и ќе бидеме подготвени навремено да реагираме. Активно работиме на мерките и политиките од чии придобивки ќе уживаат граѓаните“, истакна Бесими.

 

Поврзани новости