464
Министерот за финансии, Фатмир Бесими денеска пред новинарите негираше било какви закани кон вработените во ресорното Министерство.
„Немало никакви закани за вработените во Министерството за финансии, кои одлучиле да покажат револт од непокачувањето на платата за одобрените 30 отсто. Таа идеја, која требаше да ја презентираме, беше од Министерството, да се зголеми платата“, рече Бесими.