Бесими најавува дебата за прогресивниот данок

by Фокус

Македонската Влада очекува во текот на наредниот месец да пристигне и втората транша од 80 милиони евра од ЕУ за поддршка на буџетската политика, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими за МИА по посетата на Брисел, истакнувајќи дека во овој момент се прават анализи од европска страна за исполнувањето на условите.

-Ако ни треба финансирање нема да не прашаат дали е за ЕУ, заради нас самите треба тоа да го направиме, тие прашуваат дали имаме одржлива рамка. На краток рок може да имаме зголемување на јавниот долг и дефицитот, како што имаме сега, може да стигне до 65 отсто од бруто домашниот производ, и 4,9 отсто за дефицитот, следната година 4,1 отсто, и така на среден рок ќе се намали – вели Бесими.

Според него, важно странските инвеститори и финансиските институции да се уверат дека Северна Македонија нуди стабилна и безбедна рамка.

-Најавивме веќе нова еврообврзница и мислиме дека ќе имаме и поповолни услови за каматната стапка – смета Бесими.

На прашање дали во овие услови на криза е време повторно да се врати на маса идејата за прогресивно оданочување и поголемо оданочување на богатите, Бесими потврди дека во наредните недели ќе се отвори и оваа дебата.

-Донесовме стратегија за даночни реформи и се отвора и оваа дебата, работиме сега на акциски план и во наредните недели ќе имаме средба со релевантните чинители во општеството за тоа во која насока ќе биде најоптимален даночен систем. Ние намерно не наметнуваме став за данокот, тој треба да има повеќе цели – истакна тој.

Поврзани новости