Бесими ќе ја предводи работната група на ДУИ

by Фокус

Фатмир Бесими, Муса Џафери, Талат Џафери, Абдилаќим Адеми, Бујар Османи и Артан Груби ќе бидат дел од партиската работна група од ДУИ која ќе биде ангажирана за спроведување на договорот за излез од политичката криза, кој е постигнат на 2 јуни помеѓу лидерите на четирите најголеми политички партии и со посредство на меѓународната заедница.

Од ДУИ велат дека работната група ќе ангажира дополнително и експерти во зависност од темите кои ќе се разговараат на работните состаноци.

Од партијата велат дека ги повикуваат сите политички партии и потписници на договорот да покажат максимална посветеност во имплементирање на обврските од договорот со цел враќање на политичката стабилност и фокусот на институциите на интегративните процеси, а се со цел, подобар живот за сите граѓани.

Поврзани новости