Бесими: Без политички договор можеме да ја изгубиме препораката

by Фокус

Доколку не се испочитува политичкиот договор од 2 јуни и доколку нецелосно работиме на исполнување на итните реформски приоритети, може да се случи и да не ја добиеме препораката, вели вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

-Важно пред сè за Република Македонија и граѓаните на Република Македонија, потоа за извештајот, што всушност значи еден патоказ за нашето движење кон членството во ЕУ, секако е важно политичкиот договор што е постигнат на 2 јуни и последователните протоколи, за испочитување на истиот договор, да се исполнуваат целосно, а во исто време е и пакетот на итните реформски приоритети. Тоа е пасошот за Република Македонија за извештај кој ќе носи препорака или треба да носи препорака и за натамошно приближување кон започнување и отворање на преговори на Република Македонија за членство во Европска унија, вели Бесими.

Тој зборува и за улогата на специјалната обвинителка, а на прашањето дали очекува разрешница и за случајот Смиљковско Езеро, Бесими вели:

-Тоа зависи од специјалниот обвинител како независна институција, меѓутоа пред сè ќе треба да се види интересот на граѓаните и на вистината во интерес на правдата, истакнува Бесими.

Поврзани новости