БЕСА: Заводот за статистика манипулира со податоците за Албанците

by fokus

Движењето Беса обвинува дека Државниот завод за статистика манипулира со податоците и дава неточни информации. Од таму им сугерираа на експертите од Еуростат кои ја оценуваат работата на ДЗС, да го разгледаат ангажманот во оваа институција на лица од албанската етничка заедница.

-Како се случи за време кога имаше обид за попис на населението во 2011-та, од вкупно 39 групи на државни инструктори, ниту еден не беше предводен од Албанец? Како се случи, од осумте сектори, ниту еден сектор не е предводен од Албанец? Зошто во последните неколку години бројот на Албанците вработени во оваа институција постојано паѓа? Зошто на Албанците кои имаат завршено високо образование не им се прифаќаат дипломите и се уште продолжуваат да се сметат како вработени со средно образование- стои во соопштението на Беса и се додава дека ова се само некои од точките за кои тие би сакале да ги информираат експертите од Еуростат, но и пошироката јавност.

Поврзани новости