БЕСА за 200 гласа загуби во Чаир, а 500 гласа заостанува во Тетово

by Фокус

Најмладата албанска политичка партија – БЕСА, која беше најголемо изненадување на последните парламентарни избори, речиси не освои ниту една општина на локалните избори.

Партијата за влакно загуби од ДУИ во важните албански општини каде имаше големи шанси за победа, меѓу кои и Чаир, каде Висар Ганиу од ДУИ освои 209 гласа повеќе од Зекрија Ибраими од БЕСА.

Според обработените гласови од страна на Државната изборна комисија од 90 отсто од избирачките места, лидерот на БЕСА во градоначалничката битка за Тетово, Биљал Касами, заостанува со 467 гласови пред Теута Арифи од ДУИ, која веќе прогласи победа.

Поврзани новости