БЕСА: Влада на широка коалиција, па нови избори

by fokus

Лидерот на Беса, Биљал Касами смета дека најдобро решение во моментов е да се формира Влада на широка коалиција, која потоа би организирала нови, како што вели, нормални избори.

Ова Касими го предложил на средбата со норвешкиот амбасадор, Арне Санес Бјорнстад.

-Подобра варијанта за Македонија би била широка коалиција, која би составила Влада која би била реформаторска, Влада која би ја вратила Македонија во евроинтеграциските процеси и која би ги решила некои проблеми. После еден временски период би се организирале нови избори, нормални избори во нормални услови од кои би произлегла нова парламентарна гарнитура-изјавил Касами.

Поврзани новости