БЕСА: Уште немаме избрано министер за култура, ама сакаме да покажеме дека нашите кадри се квалитетни

by fokus

Движењето БЕСА ќе биде дел од парламентарното мнозинство и извршната власт, одлучи вечерва Централното собрание и Централното претседателство на партијата, која во Владата ќе раководи со Министерството за култура, а кандидатот за таа функција ќе го номинира дополнително.

– Иако пратениците на движењето БЕСА и досега го помагаа мнозинството и Владата во реформската агенда, одговоривме на барањето на премиерот да станеме дел од извршната власт, рече на прес-конференција лидерот на Движењето БЕСА Африм Гаши.

Тој информира дека причини за таквата одлука се реформската агенда, процесот за решавање на спорот за името, отворањето на преговорите за интеграција во ЕУ и потребната кохезија за членство во НАТО.

За БЕСА, како што рече, претставува чест и големо признание договереното менаџирање со ресорот култура и оти централното претседателство на партијата многу бргу ќе номинира име за министер за култура.

– Уште не сме решени за конкретно име, но многу е значајно кој ќе не претставува достоинствено, сакаме да покажаме дека нашите кадри се многу квалитетни и тоа ќе биде на некој начин идентитет на Движењето БЕСА во Владата на РМ, рече Гаши.

Нашето учество во Владата, додаде тој, е повеќе стратешко отколку процентуално, а ние сме убедени дека БЕСА има идеја, визија и проекти кои можат да помогнат во унапредување на културниот живот во земјата.

Поврзани новости