БЕСА потврди дека коалицијата со СДСМ останува

by Fokus 10:00
10:00

Пратеникот од БЕСА, Африм Гаши во гостувањето во Топ Тема вчеравечер негираше дека БЕСА ги повлекла потписите за поддршка на новата влада.

-Не сме донеле одлука дали ќе влеземе во влада. Разговаравме само за избор на претседател на Собранието. Ние не ги повлекуваме потписите, ќе го помогнеме процесот колку што можеме. Ние сакаме нова реформска влада, СЈО да проработи, сакаме Специјален суд. БЕСА гледа процес кој е добар за граѓаните и помага на тој процес. Сметаме деа Груевски не е добро да биде повторно премиер – истакна Гаши.

 

 

 

Поврзани новости