Беса побара да не се верификува мандатот на Тарчуловски

by fokus

Движењето БЕСА на конститутивната седница побара од пратениците да не го верификуваат мандатот на Јохан Тарчуловски.

„Загрижен сум што денеска во Собранието станува пратеник и некој кој што од Хашкиот суд беше осуден за злосторство кон албанските цивили во 2001 година. Апелирам до ова Собрание да не го верификува мандатот на овој пратеник“, рече Зеќирија Ибрахими, пратеник од Беса.

Извор: А1он

Поврзани новости