БЕСА: Од Избирачкиот список се бришат албански опозиционери

by fokus

Беса бара објаснување од потписниците на договорот од Пржино за тоа како дозволиле уште еден котроверзен список со спорни гласачи да излезе во јавност.

Партијата тврди дека 90 отсто од спорните гласачи на списокот се Албанци, а со нивното бришење од списокот, како што велат, е прекршен Уставот.

„Повеќето гласачи албанци, кои се нашле на таа листа, јавно се изјаснувале опозициски, што неминовно покренува сомнение дека во тоа има свое влијание албанската партија на власт, која на таков начин сака да го спречи гласот против нејзе на следните избори.“- изјави Билал Касами, претседател на БЕСА.

Од партијата го повикаа Уставниот суд итно да се изјасни за одлуката на Државната изборна комисија за бришењето на 40 000 гласачи, а го повикаа и народниот правобранител да реагира на оваа, како што велат, дискриминација што се врши кон граѓаните негирајќи им го правото на гласање.

Поврзани новости