БЕСА очекува да и одземе еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во „двојката“

by fokus

БЕСА ќе поднесе приговори до ДИК за изборната едница два каде сметаат дека доколку приговорите бидат прифатени, тие ќе добијат уште еден пратеник, а ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби еден мандат.

Од БЕСА објаснуваат дека разликата меѓу нив и ВМРО-ДПМНЕ е околу 200 гласа. Ако Државната изборна комисија ги прифати приговорите, Беса во ИЕ 2 ќе има двајца пратеници, а ВМРО-ДПМНЕ наместо девет, ќе има осум пратеника.

-Разликата во втората изборна единица е само 200 гласа. Се уште правиме анализи бидејќи имаше разлики во бројките на сајтот на ДИК. По изборни единици гласовите се внесен правилно, но бројката во вкупна сума тотал не е точна. Зошто ова се јавува не знаеме. Имаме информациите дека во два записници од едно избирачко место има различни податоци, вели Кастриот Реџепи од Беса.

Приговорите што ќе ги поднесат се однесуваат на групно гласање, гласање за друго лице, притисоци, обиди за бугарски воз, полнење на кутии.

Поврзани новости