БЕСА на средба со ЕВН пред да (не) ги поддржи протестите за високи сметки

by fokus

Висока делегација на Движењето БЕСА денеска ќе ја посети компанијата за дистрибуција и снабдување со електрична енергија на Македонија – ЕВН Македонија.

-Заинтересирана за доброто на сите граѓани во државата, БЕСА е длабоко загрижена за проблемите што ги изразуваат граѓаните во врска со снабдувањето и плаќањето на електричната енергија, особено за цената  која граѓаните се принудени да ја плаќаат кон оваа компанија. Поради оваа причина, Движењето БЕСА пред да ги поддржи протестите на  граѓаните и нивните барања од оваа институција, ќе се ангажира на  институционален начин, преку директна комуникација со ова компанија и  другите институции на овој сектор, да најде начин како да се реализираат барањата на граѓаните, се вели во соопштението на БЕСА.

После состанокот, во 14:30, пред седиштето на ЕВН Македонија на Плоштад Македонија, претставниците не Движењето БЕСА ке даваат изјава за медиумите.

Поврзани новости