БЕСА: Ќе го понесеме нашиот дел од одговорноста

by Фокус

 

Денес дојде до израз волјата на новото мнозинство во собранието и политичкиот фактор почна да рефлектира во интерес на граѓаните кои се преморени од летаргијата на оваа политичка криза, соопштија од БЕСА откако претседателот Ѓорге Иванов му го довери мандатот за состав на нова влада на Зоран Заев.
„Во овој случај, не сме дозволиле да се измислат работи кои не се предвидени со Уставот и законите на земјата, спречувајќи на овој начин да се создадат преседани кои можеа да оставаат последници и во иднина. Затоа, како и досега, остануваме посветени во процесот на решавање на кризата, водејќи разговори за да го преземеме својот дел од политичката одговорност“, се наведува во соопштението нд БЕСА.

Поврзани новости