361
Политичката партија БЕСА денеска ќе испрати покана до сите партии на Албанците за заедничка средба, информира денеска генералниот секретар на партијата Аријанит Хоџа.
На средбата треба да се разговара за измените на амандманот 5 од Уставот што БЕСА ги бара, односно да се смени формулацијата „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик“.
Генералниот секретар на БЕСА Хоџа изјави дека на средбата може да присуствуваат и оние партии на Албанците коишто имаат интерес, а до кои нема да биде испратена покана. Средбата се очекува да се одржи откако ќе ги добијат одговорите од сите партии, а Хоџа очекува тоа да биде следната седмица.