Бертолини: Ќе дадеме поголема поддршка на помалку развиените региони

by fokus

Раководителот на Секторот за соработка на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Никола Бертолини денеска во Кичево на средба со претставници на граѓанските организации во Кичево се запозна со нивните активности и ги претстави плановите за насочување на средствата од ЕУ за поддршка на неразвиените региони.

– Правиме напори средствата од ЕУ да ги насочиме кон регионите и таму да вложуваме, како и да ги подржиме неформалните организации. Во нашата нова програма за буџетирање ќе дадеме поголема поддршка на помалку развиените региони како што е вашиот, а таа практика ќе продолжи и во наредните години, рече на средбата Бертолини.

Досега се поддржани 50 проекти на 70 граѓански здруженија.

Поврзани новости