Беровец тешко повреден откако со автомобилот се забил во заштитна ограда кај Свети Николе

by fokus

Жител на Берово се здобил со тешки повреди, откако вчера претпладне излетал од пат кај Свети Николе и се забил во заштитна ограда.

„На 04.02.2020 во 10.30 часот на магистралниот пат Штип – Миладиновци, кај клучка Свети Николе, патничко возило „пежо 405“, со француски национални ознаки, управувано од М.П.(60) од Берово, излетало од коловозот и удрило во заштитна ограда. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе“, велат од МВР.

Поврзани новости