Берлин со поддршка за новата Влада: Ќе бидеме сигурен партнер

by Fokus

„Се надеваме дека новата влада решително ќе пристапи кон спроведување на итните реформи за надминување на политичката криза и за внесување на нова динамика во евроатлантската интеграција на земјата, информираа од Германското Министерство за надворешни работи, од каде што го поздравија изборот на новата Влада.

-Задачите се јасни: Зајакнување на владеењето на правото, на слободата на медиуми и изразување, спроведување на Пржинскиот договор и зајакнување на работата на Специјалното јавно обвинителство. Притоа, Германија ќе му  биде сигурен партнер на Скопје – се наведува во соопштението.

Поврзани новости