Берлин назначи специјален пратеник за Македонија

by Фокус

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, назначил специјален пратеник за Македонија кој треба да посредува во решавањето на политичката криза. Ова попладнево го објави германското министерство за внатрешни работи на својот официјaлен твитер-профил, јави Мета.

Специјалниот пратеник Јоханес Хајндл, како што е објавено, во координација со претставниците на Европската Унија и на САД во земјава ќе посредува во решавањето на кризата.

„Министерот за надворешни работи Штајнмаер назначи специјален пратеник за Македонија. Амбасадорот Хајндл ќе се координира одблиску со претставниците на ЕУ и на САД за поддршка на напорите за посредување“, стои во твитот на германското министерство за надворешни работи.

Поврзани новости