Берлин: Гласале 261 македонски граѓанин од запишаните 585

by fokus

Според податоците од изборната комисија во избирачкото место 5011 во изборната единица 7 во Амбасадата на Република Македонија во Берлин, до 19 часот од запишаните 585 гласачи избирачкото право го искористиле 261 македонски граѓанин со право на глас, односно 44,6 отсто од сите регистрирани гласачи во овој дел на Германија, јави дописникот на МИА.

Во македонската амбасада во Берлин каде гласаат регистрираните македонски гласачи од неколку други градови на северот на Германија меѓу кои Хамбург, Бремен и Хановер, во текот на гласањето немало никакви проблеми.

– Гласањето започна без никаква проблеми во 7 часот изутрина и се одвива во најдобар ред – изјави попладнево за МИА претседателот на изборната комисија на гласачкото место во Амбасадата во Берлин,Сашо Марковски.

Поврзани новости