Берлин ги отфрли „неумесните“ критики на Иванов

by Fokus

Критиките на македонскиот претседател Ѓорге Иванов се неумесни, порачуваат од германското Министерство за надворешни работи, пренесува Дојче Веле.

Иванов вчера ја обвини германската амбасадорка во Македонија Кристине Алтхаузер дека се служи со „лажни вести“, и го критикуваше германското МНР дека „нивото на амбасадорот“ е навреда за неговата земја.

„Се радуваме што претседателот Иванов, по долго размислување, донесе вистинска одлука и се откажа од блокадата“, се наведува во изјавата од германското МНР објавена претпладнево, како одговор на критиките на Иванов. Тоа е фактички повторување на вчерашната изјава од Берлин во која Иванов се критикуваше дека чекал премногу долго за да ја донесе одлуката за доделување на мандатот.

Дополнително, на Иванов му се порачува дека оценките му се неумесни.

„Обвинувањата против германските дипломати и дипломати на други пријателски држави се неумесни.

 

Поврзани новости